Спектакуларна пресметка во Лига Европа: Барселона против Манчестер Јунајтед

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Извлечени се двојките од плејофот за осминафиналето во Лига Европа. Најгласна е секако пресметката меѓу Барселона и Манчестер Јунајтед, а за еден од тие два гиганти нема да има место меѓу најдобрите 16 во второто по силно европско клупско натпреварување.

Двојките од плејофот за осминафиналето во Лига Европа:

  • Барселона – Манчестер Јунајтед
  • Јувентус – Нант
  • Спортинг – Митјиланд
  • Шахтјор – Рен
  • Ајакс – Унион Берлин
  • Баер Леверкузен – Монако
  • Севиља – ПСВ
  • Салцбург – Рома

За потсетување, плејофот за осминафиналето на Лига Европа го играат второпласираните од секоја група од тоа натпреварување против третопласираните од секоја група од Лигата на шампионите. Во осминафиналето веќе се чекаат првопласираните од групите во Лига Европа.

Првите натпревари ќе се одиграат на 16 февруари, а домаќини ќе бидат клубови од Лигата на шампионите. Реваншот се игра една недела подоцна.