Главните теми на потенцијалните преговори меѓу Русија и Украина би можеле да бидат прашањето за територијалниот статус, контролата врз нуклеарната централа Запорожје, како и користењето на реката Днепар и пристапот на Украина до Црното Море, изјави специјалниот пратеник на Белата куќа Стив Виткоф во интервју за американскиот портал „Брајтбарт њуз“.
Тој, исто така, нагласи дека „нема да има договор без одобрение од претседателот Путин“.
„Мислам дека клучните прашања се регионите, нуклеарната централа и како Украинците ќе можат да ја користат реката Днепар и да излезат на океанот“, рече Виткоф.
