Спие само 30 минути на ден, и не се уморува (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

36-годишниот Јапонец Даисуке Хори, тврди дека спие само 30 минути на ден, и воопшто не се уморува. Тој минал 12 години вежбајќи ги својот ум и тело да функционираат на што е можно помалку сон.

Тој претседава со „јапонската Асоцијалција за спиење“ и сега ги учи другите како да го намалат своето време за спиење за да можат повеќе да бидат будни.

Хорид неодамна беше прикажан на ТВ емисија каде што зборуваше за својот распоред на спиење.

Тој рекол дека поради 16 часа непрекината работа, едноставно не можел да ги прави сите работи кои ги сака.

Во еден момент почнал да експериментира со намалување на дневната рутина на спиење, а во текот на неколку години успеал од 8 часа да мине на само пола час сон, а притоа да остане здрав и енергичен како што бил претходно.

Затоа телевизијата неверувајќи, тргнала да го следи подолг временски период и да биде снимана неговата дневна рутина. Тој спиел навистина само 30 минути на ден, некогаш и помалку.

Во текот на денот играл видео игри, сурфал, се дружел со пријателите… Дури и откако била објавена емисијата, Јапонците и натаму не верувале во оваа приказна.