Ова се снимки од Болницата за детски болести на Клиничкиот центар, за чии услови ТВ21 известуваше пред еден месец. На прашањето за условите во оваа болница, министерот за здравство Фатмир Меџити рече дека оваа болница е пример.
„Оваа клиника, повторно ќе потврдам, го кажав веќе тоа, треба да ги пофалам колегите кои работат во оваа институција кои секогаш се пример и секогаш треба така да биде бидејќи овде се лекуваат најмилите и најсветите наши и секогаш тука биле многу ажурни во давањето лекарска помош и немало некој поголем проблем“, вели Фатмир Меџити.
Но директорката на педијатрија Стојка Нацева Фуштиќ за разлика од министерот вели дека има потреба од интервенции и реновирање на Клиниката и вели дека ќе продолжат да се реновираат и други оддели со донации.
За лекувањето зборуваат и самите родители на најмалите пациенти, велејќи дека чекаат со часови за преглед.
-Значи од 5 часот сте тука?
-Да, пред 5 и пол.
-Колку часа сте тука?
-Еве 4 часа.
-Зошто толку многу?
-Прво снимање, сега чекаме резултати.
Од Синдикатот на Клиничкиот центар Мајка Тереза велат дека има дефицит од кадар на Детската клиника и дека секој ден лекари и медицински сестри ги напуштаат своите работни места и заминуваат надвор од земјава или во приватните клиники. Но министерот Меџити вели дека има доволно лекари и персонал, и според него потребна е само подобра организација.
