Државјанин на Полска е уапсен, под обвинение дека бил подготвен да шпиунира за руска воена разузнавачка служба, и да помогне на убиството на претседателот на Украина, Володомир Зеленски, пренесува АП.
Човекот идентификуван како Павел К. бил обвинет дека сакал да им пренесе информации за безбедноста на аеродромот на руски агенти, бил уапсен вчера, соопшти националното обвинителство.
Наводно требало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близината на границата со Украина. Аеродромот се користи за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања на Украина, и е под контрола на амеиркански војници.
Доколку биде прогласен за виновник, тој може да добие затвор и до осум години.
