Србија денеска сруши рекорд: Вакцинирани 54.000 граѓани

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Србија денеска го сруши рекордот на имунизирани граѓани.

Имено, од утринава до овој момент во Србија се вакцинирани дури 54 илјади граѓани.

Според информациите, се проценува дека до крајот на денешниот ден овој број ќе порасне на 59.000.

Исто така, според бројот на пријави за вакцинација се очекува во текот на утрешниот ден овој рекорд повторно да биде срушен.

Се проценува дека утре во Србија би можеле да бидат вакцинирани околу 70 илјади граѓани.