Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска на вонредна прес-конференција го најави враќањето на полицискиот час. Исто така најави и други рестриктивни мерки, односно од утре се забранува јавно собирање на повеќе од 5 лица.
„Денеска имаме најтежок ден. 13 починати. Најсериозна е ситуацијата во Белград. Од утре има забрана на собири на повеќе од 5 лица. Од петок полициски час. Лично би сакал тоа да биде во цела Србија, но здравствените власти ќе одлучат“, најави Вучиќ, кој напомена дека веројатно полицискиот час ќе почне од петок од 18 часот до понеделник до 05 часот.
Тој истакна дека Србија ќе излезе како победник од оваа ситуација, и дека први ќе ја подигнат економијата и први ќе излезат од кризата.
Вучиќ истакна дека болниците се полнат со полн интензитет, и дека ако продолжи вака, наскоро ќе нема слободни кревети.
Денеска во Србија се регистрирани нови 299 случаи на коронавирус, и 13 починати лица.
