Србија имаше предност од 1-3, на крајот дојде само до бод

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Репрезентацијата на Србија не дојде до првата победа на Мундијалот во Катар. Денеска против Камерун одигра 3-3, иако имаше водство од 1-3, но успеа да го „прокоцка“ за само две минути и Камерунците да стигнат до првиот бод.

Камерун поведе во првиот дел со голот на Кастелето во 29. минута. Павловиќ во првата минута од судиското надополнување израмни, за после две минути Милинковиќ-Савиќ да донесе предност на полувремето.

Во 53. минута се чинеа работите одлични за Србија, кога Митровиќ зголеми на 1-3.

Влегувањето на Абубакар направи големи проблеми, па така истиот играч намали во 63. минута, а во 66. минута на негова асистенција Чупо-Мотинг донесе израмнување што беше конечен резултат.