Србија испрати протестна нота до Македонија за грешката со поштенската марка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Србија најави дека ќе испрати протестна нота до Македонија за грешката со поштенската марка каде беше отпечатена мапа на „Голема Хрватска“, каде има делови од други територии, меѓу кои и од Србија.

Вработен во македонската амбасада во Србија, повикан е денеска во министерството за надворешни работи каде му е предадена нотата, јавуваат повеќе медиуми во Србија.

Ваквиот потез на „Македонски пошти“ наиде на жестока реакција во Србија. „Македонски пошти“ се извинија за грешката, за која велат дека е сторена ненамерно.