Србија викендов ги затвора кафулињата и шопинг центрите, запира јавниот превоз

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва од 20 часот, во Србија ќе нема јавен превоз на патници, а од утре од 20 часот се затвораат сите кафулиња и шопинг центрите.

Ова се дополнителни мерки кои што ги донесе Владата, а ги соопшти премиерката Ана Брнабиќ.

„Во недела од 20 часот се затвораат сите ресторани, кафулиња и шопинг центри. Ќе има само достава на храна. Од сабота од 20 часот запира јавниот превоз“, истакна Брнабиќ.