Србин осомничен дека убил Црногорец на позната плажа во Хрватска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во 6 часот утрово во хрватската полиција било пријавено рането лице од огнено оружје на хрватскиот остров Паг. Станува збор за најпопуларната плажа веднаш до популарната Зрќе. Конфликтот се случил пред ноќен клуб.

На местото на настанот биле испратени полициски службеници, а во полиција било приведено лице поврзано со настанот. Повредениот починал во брзата помош на пат кон болница. На местото на настанот бил извршен увид.

Еден помлад маж е убиен откако бил застрелан во главата. Неколку лица кои се нашле таму веднаш притрчале напомош додека стигне брзата помош.

Неофицијално, осомничениот српски државјанин најпрво побегнал, но бил фатен.

Полицијата истражува за можност за нарачано убиство.