Политичкиот аналитичар Никола Србов во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21, вечерва рече дека влезот на Амар Мециновиќ од Левица во вториот круг за градоначалник на Скопје не е изненадување, и дека тоа се должи на слабоста на СДСМ.
„Успехот на Левица и вториот круг во Скопје е поради неуспехот на СДСМ“, рече Србов.
На прашање дали очекува дека СДСМ да ги даде гласовите на Левица во вториот круг, Србов додаде:
„Според мене би било понижување за СДСМ да ги даде гласовите на Левица“.
