Србов: За неизлезноста на изборите „вина“ има и опозицијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Политичкиот аналитичар Никола Србов, во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека и покрај тоа што конкуренцијата била најголема до сега на едни локални избори, сепак, имало мала излезност. Според него тоа се должи на неколку фактори, меѓу кои и на опозицијата, која, според него, не успеала да поттикне голем дел од граѓанството да излезе на гласање.

„Понудата на овие избори беше најголема до сега со независните кандидати, така да не би можеле да кажеме дека причината е недоволниот број на кандидати. Затоа партиите ако не понудиле соодветни кадри, тогаш тука беа независните листи. Имаше многу да се пронајде секој во понудата на овие избори. Немаме ние некој страшен пад на излезноста, затоа што 4-5 циклуси паѓа континуирано, и најверојатно уште ќе паѓа. Нас многу луѓе ни се иселени, има и такви кои се привремено иселени. Нема голем пад на излезноста, а трендот на опаѓање е видлив. Уште една работа што граѓаните треба да се свестат дека кога се гласа за локални избори, тоа ги засега директно нив, дали кога ќе излезете ќе газите во кал или асфалт. За излезноста ако збориме реално е виновна и опозицијата. Кога  сте опозиција вам ви треба што поголема излезност, ви одговара. На секоја власт и одговара таа да биде нормална, да изелзат гласачи колку да се исполни цензусот. Ако опозицијата не успее да поттикне голем дел од граѓанството да излезе, тогаш имаат проблем со својата понуда“, беше коментарот на Србов.