Средба да, но ако зборуваме за избори-Мицкоски го условува Ковачевски

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Средба да, но под неколку услови. Вака одговори ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на новиот мандатар Димитар Ковачевски, дека ќе го покани на средба лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Опозицискиот пратеник од ВМРО-ДПМНЕР, Антонио Милошовски рече дека меѓу темите за разговори кои ги бара лидерот на неговата партија, е и темата за предвремени избори.


СДСМ не ги прифаќа условите на ВМРО-ДПМНЕ. Не сакаат ниту предвремени парламентарни избори.

-Во ек на економска криза кога лидерите во светот зборуваат за поддршка на граѓаните, тој поставува услови за средба само ако има предвремени избори. Избори нема да има, треба да се посветиме на надминување на економските предизвици и финансиска поддршка на граѓаните.За тоа треба да разговараме и заедно да гласаме во Собранието за овие приоритетни теми, велат од СДСМ.

Од СДСМ додаваат дека како што изгледа Мицкоски не ја разбрал или не сака да ја разбере суштината на поканата за средба што Ковачевски му ја испрати вечерта кога двајцата беа избрани за лидери на двете најголеми партии во земјава.

Последната средба меѓу двајца лидери на македонските партии се случила во март минатата година меѓу Заев и Мицкоски, средба на која се договорија за одложување на пописот на населението и за идентификација со биометриски апарати во текот на гласањето.