Средба Заев-Гаши – ќе биде ли постигнат конечен договор?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска во Клубот на пратеници се одржува втора средба меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

На новинарско прашање околу тоа што очекуваат од средбата, Заев кратко одговори дека ќе има соопштение на крај на средбата.

Тој додаде и дека не се предвидени изјави.

Централното претседателство на Алтернатива во петокот го овласти Гаши да почне разговори со сите политички актери, со премиерот и со евентуалниот нов мандатар за да се види каков е нивниот концепт за излез од политичката криза.  Заев и Гаши, претходно одржаа средба и на 19 месецов.

На седницата на Централниот одбор на СДСМ, што се одржа исто така во петокот, беше констатирана оставката на Заев од лидерската позиција во партијата, но му беше даден легитимитет да ги води преговорите за парламентарно мнозинство.