Српската влада ги поништи сите управни акти поврзани со „Рио Тинто“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата на Србија вечерва ја укина уредбата за Просторниот план на специјалното наменско подрачје за реализација на проектот за експлоатација и преработка на јадарит руда, со која, според премиерката Ана Брнабиќ, се поништени сите управни акти поврзани со копанијата Рио Тинто и нејзината ќерка компанија Рио Сава Експлорејшн.

– Поништени се сите решенија, сите дозволи, изјави српската премиерка по владината седница на вонредна прес-конференција.

Таа додаде дека е укината Работната група за спроведување на проектот Јадар, со што, како што рече, се исполнети сите барања на еколошките протести и „се стави крај на Рио Тинто во Србија“.

– Со ова се што се однесува на проектот Јадар и Рио Тинто се е завршено, изјави таа јави Бета.

Движењето „Еколошко востание“, кое обединува организации, здруженија и групи граѓани, веќе неколку месеци протестира со блокади на патиштата, инсистирајќи да се прекине проектот за истражување и ископ на литиум во Србија и да се укинат сите дозволи и да се раскинат сите договори.

Тие упатија до Владата ултиматум сите тие документи да бидат јавно објавени.