Српски државјанин баран од Интерпол, уапсен на скопскиот аеродром

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 21.11.2020 во 01.40 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром-Скопје“, од полициски службеници е лишен од слобода Б.Н.(30) од Р.Србија, бидејќи по извршена пасошка контрола и проверка било констатирано дека се наоѓа во службената евиденција со мерка „апси“, по барање на Интерпол.

Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка.