Српски министер позитивен на коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за државна управа и локална самоуправа на Србија, Бранко Ружиќ е позитивен на коронавирус. Тој во моментов е во самоизолација. Ова го потврди министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

„Јас се тестирав три пати и сте резултати беа негативни. Во мојата фамилија нема коронавирус. Единствено ме загрижува само позитивниот тест на министерот Бранко Ружиќ, но нема сериозни симптоми. Тоа е показател дека вирусот брзо се шири“, рече Дачиќ.