Српскиот министер Дачиќ излезе од болница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ, откако претрпе двојна пневмонија, поради која беше ставен на механичка вентилација, денес е отпуштен од Клиничкиот центар.

Тој накратко им се обрати на собраните новинари, заблагодарувајќи им се на сите што се грижеа за неговото здравје, исто така, порачувајќи на сите дека треба да се грижат за своето здравје. 

„По речиси две недели хоспитализација, министерот е отпуштен од болницата и е во стабилна состојба. Потребно е понатамошно домашно лекување. Упатен му е понатамошен третман“, вели докторот од Клиничкиот центар.