ССК реагираа за минималната плата – „Наместо покачување на плата, да има помали придонеси“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Покачувањето на минималната плата е политички мотивирана и е популистичка мерка која ќе влијае во зголемувањето на сивата економија и зголемување невработеноста, сметаат од Сојузот на Стопанските комори. Велат дека доколку Владата е искрена во намерата да им помогне на граѓаните и бизнисите, тогаш нека спроведе мерка за намалување на придонесите.

Благој Грозданов од Сојузот на стопански комори смета дека еден од ефектите од зголемувањето на минималецот ќе биде и зголемувањето на инфлацијата.

Портпаролот на Владата, Мухамед Хоџа, кратко коментираше дека зголемувањето на минималецот на 18 илјади денари има за цел зголемување на правата на вработените.

„Ова одлука која треба да се случи во иднина е во правец на зголемување на правата на работниците како што е и Законот кој беше усвоен во Собрание за недела да биде неработен ден“, посочи Мухамед Хоџа.

Од Комората оценуваат дека поради кризата со Ковид, состојбата на терен е катастрофална, фирми постојано се затвораат, а работниците си заминуваат, а зголемувањето на минималната плата ќе ги натера компаниите, за да преживеат, да се вратат на старата пракса, платите да ги дадат во плик.