„Standard & Poor’s“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава – очекувања за враќање кон економскиот раст

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Растурена свадба и затворен ресторан во Тетово

Во Тетово вечерва е затворен хотел и растурена е свадба, јавуваат од Државниот пазарен инспекторат, пренесува „Плус Инфо“. Полицијата го...

Коневски: Му посакуваме на Мицкоски што побрзо да оздрави и потоа да даде отчет пред делегатите

Екс градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски го повика сегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да даде отчет за сработеното...

Во хеликоптерска несреќа загина пратеникот Оливие Дасо, еден од најбогатите Французи

Шеесет и деветгодишниот француски милијардер, најстар син на Серж и внук на Марсел Дасо, денеска загина во хеликоптерска несреќа....

Четири силни експлозии во Екваторијална Гвинеја, причините непознати (ВИДЕО)

Градот Бата во Екваторијална Гвинеја денеска беше потресен од четири силни експлозии, пренесуваат британските медиуми, повикувајќи се на локалните...

Во Лион се евакуирани 4.500 жители поради бомба од Втората светска војна

Бомба од 230 килограми со 150 килограми експлозивно полнење е пронајдена во 9-от арондисман на Лион на градилиште за...

Кредитната агенција „Стандард енд пурс“ (Standard & Poor’s) го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ- со стабилен изглед. Нивните очекувања се дека македонската економија годинава ќе се врати на патеката на економски раст и ќе ги надмине шоковите предизвикани од кризата предизвикана од Ковид-19 пандемијата.

Исто така, како што соопшти Министерството за финансии, ги посочуваат владините напори во насока на зајакнување на системот на јавни финансии, како новиот Закон за буџети кој предвидува крупни реформи во насока на буџетското планирање и контрола на реализацијата.

Задржувањето на кредитниот рејтинг во континуитет и покрај ефектите од ковид-кризата се од исклучително значење, бидејќи тоа е позитивен сигнал за инвеститорите за состојбите и јасен показател за нивната доверба во политиките кои се водат во земјава.

Од кредитната агенција посочуваат дека по остриот пад во второто тримесечје од 2020 година, економијата до крајот на минатата постепено заздравуваше. Нотираат дека индустриското производство во декември минатата година оствари позитивен резултат за првпат од почетокот на кризата во февруари 2020 година.

Во 2021 година како двигатели на растот ги наведуваат опоравувањето на извозната активност, јавната потрошувачка и приватната потрошувачка, а нивните очекувања се дека годинава растот ќе изнесува 3,6 отсто.

„Стандард енд пурс“ посочува дека Република Северна Македонија е интегрирана во глобалните синџири на добавување, особено во автомобилската индустрија. Опоравувањето на автомобилската индустрија, како и на економиите на нашите најголеми трговски партнери како Германија, ќе придонесат за опоравувањето и на нашата економија.

Се очекува и домашната потрошувачка да го поткрепи растот. Како што наведува кредитната агенција, антикризните мерки кои ги презема Владата во 2020 година помогнаа да се зачуваат работните места и, воедно, дејствуваа како бафер – олеснувач при влијанието на кризата врз економијата.

Агенцијата наведува дека очекува значајни владини инвестиции во инфраструктурата во периодот од 2021 до 2024 година, во насока на подобрување на инфраструктурата во транспортот, здравството и образованието со инвестиции од 3,2 милијарди евра или речиси 30 отсто од 2021 година проектираното БДП. Исто така, наведуваат и дека Владата презема активности за подобрување на реализацијата на капиталните инвестиции.

Во однос на буџетскиот дефицит, „Стандард енд пурс“ велат дека очекувањата се дека истиот ќе се намали во 2021 година на 4,9 отсто и дека согласно владините проекции ќе продолжува постепено да се намалува секоја година. Тие ги истакнуваат заложбите на Владата да ја зајакне фискалната рамка, посочувајќи го новиот Закон за буџети кој предвидува воведување на фискални правила и воспоставување на Фискален совет, стои во соопштението на Министерството за финансии.