Во стара и руинирана зграда, без основни услови за настава, со стари клупи и без тоалет.
Во ваква состојба е периферното училиште „Наим Фрашери“ во село Прападиште – Кичевско.
Во ова училиште учат само тројца ученици, кои денеска ја почнаа учебната година. Тие секој ден следат настава во овие стари и уништени простории.
Овој дел е канцеларијата на наставниците, но не е во употреба бидејќи нема прозорци.
„Се наоѓаме во периферното училиште во село Прападиште. Како што гледате училиштето нема добри услови, скоро несоодветни за одржување на настава, нема ниту тоалети и внатре е целосно уништено, а од надвор скоро е урнато.“, вели репортерката на ТВ21.
ТВ21 контактираше и со директорот на централното училиште „Наим Фрашери“, Исмет Селими, но тој не беше подготвен да зборува во врска со условите на периферното училиште во село Прападиште, само кусо ни рече „За денеска не сум подготвен да зборувам, барам разбирање“.
Но во иста ваква состојба е и периферното училиште „Наим Фрашери“ во село Калеше, каде учат само двајца ученици.
ТВ21 беше и таму, каде што требаше да се одржи настава на првиот ден од новата учебна година. Но, училиштето беше затворено бидејќи наставничката откако дознала дека ТВ21 е на терен, ги пуштила ученицитедома и го затворила училиштето.