Старо и младо, машко и женско – долги редици за купување на албумот Панини за ЕП 2020

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Долги редици за новиот албум Панини за ЕП 2020 година. Помеѓу 654-те полиња за сликички на 97-те страници на албумот за првпат се најде и тимот на македонската репрезентација како учесник на Европското првенство кое ќе се одржи ова лето. Возбудата за новиот албум, не можеа да ја сокријат ниту помладата ниту постарата популација.

„Ние традиционално собираме за секое светско и секое европско и од како знам за себе се надевав дека и нашата репрезентација некогаш ќе ја има. Ми се исполни конечно желабата и сега вторпат од вчера стојам во редов“, посочи граѓаните.

„Имаме внуци, што да правиме. Многу време им треба да чекаат ред овде, затоа ние дојдовме да помогнеме малце. Башка Македонија ја има во албумот и тоа не прави горди и мораме да допринесеме со нешто“, велат граѓаните.

Дека фудбалот не го следи само машката популација, се доказ и овие две девојки кои чекаа ред за да го купат албумот.

– За вас го купувате албумот?

„Да, за нас е“.

– Дали се радувате што нашата репрезентација се најде во него?

„Да, се радуваме. Многу ни е мило“.

Во 11-тата книга за налепници на ЕУРО, оваа година, колекционерите љубители на фудбалот ќе имаат можност да лепат сликички и од фудбалерите на Македонската фудбалска репрезентација. Албумот доаѓа со шест сликички и чини 80 денари, а едно пакетче со пет сликички е 40 денари. По 26 години обиди, Македонија лани конечно обезбеди пласман на едно големо натпреварување, откако во финалето на баражот на Лигата на нации ја победи Грузија со 1:0 со голот на Пандев. Првенството што ќе се игра во 12 држави почнува на 11 јуни, а Македонија ќе дебитира два дена подоцна со мечот против Австрија. Во групата Ц уште се Романија и Холандија.Дополнителна радост нашите херои предводени од Пандев ни направија и со победа над неколку кратниот светски и европски прват Германија , каде со 2 спрема 1 , играа за квалификации на Светското првенство, напред момци ,Македонија навива за Вас.