Статуа на Меланија Трамп украдена во Словенија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата во Словенија истражува исчезнување на бронзената статуа на Меланија Трамп, која ја замени дрвената статуа уништена во пожар во 2020 година, објави „Гардијан“. Бронзената статуа, прикажана во природна големина, била поставена на трупец од дрво на приватна нива во нејзиниот роден град Севница.

Според полицијата и творецот на статуата, американскиот концептуален уметник Бред Дауни, статуата била отсечена кај нозете и украдена.

„Пријава за кражбата е примена на 13 мај, а полициските службеници веднаш излегоа на местото на настанот и започнаа истрага“, изјави вчера портпаролката на полицијата Аленка Дреник Рангуш.

Дауни рече дека дознал за исчезнувањето додека подготвувал нов проект во Германија и изрази жалење за загубата на статуата.