Стефанова побарала продолжување на притворот на Камчев

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Обвинителката Лиле Стефанова поднела барање за продолжување на притворот на Орце Камчев, осомничен во предметот „Плацеви на Водно“, пренесува А1ОН.

Стефанова и натаму смета дека Камчев може да се даде во бегство, а тој веќе 29 дена издржува притвор во Шутка.

Одбраната на Камчев денеска на прес-конференција искажа дека доказот со кој Камчев е во притвор, е незаконски, и треба да биде исфрлен од постапката. Адвокатот Тони Менкиноски исто така потсети и за нехуманите услови на Камчев во Шутка, односно дека пет дена бил без вода.

Адвокатите на Камчев исто така побараа укинување на мерката притвор, со мерка да се брани од слобода. Дека нема да бега, како што велат од одбраната, е обезбедено со имот, како и со двата пасоши на Камчев.