Сто милиони вакцини за ЕУ од Фајзер/Бионтек

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

100 милиони дози од американскиот фармацевтски гигант „Фајзер“, како и германската компанија „Бионтек“ќе бидат доставени до ЕУ во 2021 година.

Соопштението следи по одлуката на Европската комисија да се прибегне кон опција за набавка на дополнителни дози, што е дел од договорот за предвремена набавка на вакцини потпишан на 17 февруари 2021 година.

Комисијата ќе купи дополнителни 100 милиони дози, што значи дека вкупно 600 милиони дози, што покриваат две третини од населението во Унијата, ќе бидат доставени до ЕУ. Ова е најголемиот договор за „Фајзер/Бионтек“ во светот.

Двете компании планираат да испорачаат 250 милиони дози на ЕУ во вториот квартал.