Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски од пред Јавното обвинителство, побара оваа институција да се стави над партиските интереси, и да наложи Заев и Ангеловска да ги вратат парите кои ги исплатиле за своите семејни компании.
„ЈО мора да се охрабри и да се стави над партискиот интерес на Зоран Заев. Зоран Заев, од позиција на премиер, и Нина Ангеловска од позиција на министер за финансии исплатиле антикризна помош за своите компании.
Имено Зоран Заев дал над 800 илјади денари државна антикризна помош за семејната компанија која врти милиони – Еленица, додека Нина Ангеловска си дала парична помош за својата фирма за интернет трговија Вебспот во висина од над половина милион денари.
И двајцата од позиција на функционери во владата, дале на свои приватни фирми пари од државниот Буџет.
Имаме основано сомнение дека во случајот е извршено кривичното дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 од Кривичниот законик со што е сторена штета на средствата од Буџетот на Република Македонија, што се казнува со казна затвор од најмалку 4 години.“, рече Стоилковски.
