Стојанов: На Бугарија и треба модернизирана и силна армија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вршителот на должноста министер за одбрана на Бугарија, Димитар Стојанов, за bTV изјави дека на армијата на неговата земја ѝ се потребни шест до осум милијарди лева (од 3 до 4 милијарди евра) за да се модернизира.

Според Стојанов, соседите на Бугарија активно се вооружуваат, а неговата земја заостанува во овој процес. Затоа, приоритет му е модернизација на бугарската армија и најави дека ќе се дадат овие средства.

Стојанов изјави дека Министерство за одбрана на Бугарија пред идното 48. Народно собрание ќе подготви проект за инвестициски трошоци за набавка на втората серија од осум американски борбени авиони Ф-16 Блок 70 во рок од една недела. Понудата за купување на американските воени борбени авиони изнесува една милијарда и 300 милиони американски долари, објави Стојанов. Тој не го коментираше повикот на бугарските социјалисти дека не е време да се купуваат нови американски воени борбени авиони и рече дека тоа се неопходни средства за модернизација на бугарската војска.

Димитар Стојанов коментира дека не е непријател на американските ловци Ф-16 и додаде дека доколку не се купат вторите осум авиони, Бугарија нема да има нова цела ескадрила. Тој коментира дека соседните земји на Бугарија активно се вооружуваат, а геополитичката средина не е поволна околу неговата земја. Војната во Украина е целосен конфликт, кризата меѓу Србија и Косово, која е исто така блиска до Бугарија, и може да стане жешка во одреден момент, односно воена, а за тоа не е во ред Бугарија да има опрема од пред 40 години.

Стојанов има покана што поскоро да ја посети Полска, каде што ќе преговара за одржување на советските ловци МИГ-29. Тој веќе разговарал на оваа тема со претставници на полската амбасада во Бугарија и предложил Софија да добие 6 поправени мотори за МИГ-29, за нивно поставување во бугарските авиони.

Стојанов коментира дека за привремената влада на Бугарија има приоритет за испораката на ЛНГ гас, а не од „Гаспром3.