Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, потпишал четиригодишен договор со шпанска Валенсија. Досегашниот член на Рајо, до 2028 година ќе го чува голот на „лилјаците“.
Специјалистот за фудбалски трансфери Фабрицио Романо го обелодени трансферот, а шпекулациите беа присутни веќе неколку месеци наназад.
Димитриевски во Валенсија заминува како слободен агент, откако му истекува договорт со Рајо Ваљекано на 30 јуни оваа година.
