Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека не е премногу доцна Украина да ја добие војната со Русија, под услов Западот да го одржи своето ветување за испраќање повеќе оружје.
„Последните месеци сојузниците на НАТО не пружаа поддршка која ја ветуваа“, рече Столтенберг, и додаде:
„Но, не е премногу доцна Украина да победи, затоа што е силна поддршка на пат. Сега е наша одговорност да ги претвориме преземените обврски во испорака на оружје и муниција и тоа да го сториме брзо“, изјави генералниот шеф на НАТО.
Минатиот петок претседателот Володомир Зеленски го повика НАТО што побрзо да испорача оружје на Украина, која не може да чека поради притисокот од Русија. Сојузниците ветија дека ќе испорачаат оружје.
