На свечената церемонија на подигнување на знамето на НАТО, се обрати генералниот секретар Јенс Столтенберг кој и посака добродојде во Алијансата на нашата земја. Тој напомена дека ова е успех поради посветеноста на земјата на реформите, и Договорот од Преспа.
„Денеска сме тука собрани за да и посакаме добродојде на Северна Македонија во НАТО со подигнување на знамето. Земјата стана симбол на нашата солидарност. Ова е историски момент за НАТО и Северна Македонија, доаѓа после долга посветеност и заложба за реформите. Северна Македонија и Грција постигнаа компромис со името. Договорот од Преспа го овозможи пристапот во НАТО, и придонесе за добрососедски односи. Вашата напорна работа го овозможи денешниот член. Важен е пристапот во НАТО на земјата и за доброто за меѓународниот мир. Да ја поздравам и одлуката на ЕУ за почеток на преговорите со Северна Македонија“, рече Столтенберг.
