Депонија Русино продолжува да биде блокирана од активистите на иницијативата Стоп Русино, кои бараат депонијата да се затвори или да се дислоцира. Активистот Фатби Илјази вели дека тие уште 10 дена ќе стојат на влезот на депонијата, а бараат Влада што поскоро да најде решение, бидејќи тие нема да се повлечат од нивните барања.
„Реално го прашуваме министерот колку вреди човековиот живот, сите граѓани на Гостивар прашуваат колку вредат нашите животи и дали може да се купи со пари нашето здравје. Се надеваме ќе се реши, на крајот нивна одговорност е да ни обезбедат чист воздух. Имаме законско право и тоа ни го должат“, вели Фатби Илјази.
Министерот Нуредини вели дека моментално во ова депонија треба да се фрла сметот уште неколку години, бидејќи, според него, ова депонија не може да се затвори.
„Русино е времена депонија. Планот е да ја користиме максимум 10 години. Проектот за Русино е многу важен за нас бидејќи отпадот треба да се фрли таму уште неколку години. Доколку ја затвараме, каде ќе се фрли отпадот од сите жители на полошкиот регион. Идејата за нула отпад таму е многу добра и многу еколошка, но навистина не постои такво нешто како нула отпад.“, рече Нуредини.
Депонијата Русино моментално се користи само од општина Гостивар а другите општини го фрлаат отпадот на други локации. Општина Маврово и Ростуше го фрлат отпадот на дел од планината, со што постои опасност и Националниот парк Маврово да се претвори во депонија. Депонијата Русино месец дена по ред беше зафатено од пожар, и поради тоа граѓаните на Гостивар организираа протисти.
