Десетици украински граѓани кои живеат во Бугарија и Бугари во знак на солидарност со нив го блокираа движењето пред Амбасадата на Руската Федерација во Софија, пишува бугарска БТВ.
Со постери „Стоп Путин! Стоп за војната!“ тие се изјаснија против руската воена операција на територијата на нивната татковина.
Луѓето велат дека имаат многу роднини во Украина и не сите имаат контакт со своите роднини.
Протест се одржува и пред рускиот конзулат во Варна.
