Стопанска банка а.д. Битола го менува името во АЛТА банка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Народната банка на Република Северна Македонија издаде претходна согласност за промена на името и измена на Статутот на Стопанска банка а.д. Битола.

По усвојувањето на измените на Статутот на Собранието на акционери и извршениот упис во Централниот регистар на Република Северна Македонија на 12 декември 2025 година, банката официјално го промени името.

Новото име на банката е АЛТА банка AД Битола (скратено: АЛТА банка).