Повеќе од 45.000 граѓани ја симнале апликацијата „Стоп корона“ изминатиот период со цел заштита од ширење на коронавирусот. Министерството за здравство им препорача и на матичните лекари да ја предлагаат на пациентите.
„Акцијата за преземање на апликацијата преку матичните лекари, мислам дека ќе вроди со плод. Повторно ќе нагласам, немаме намера за воспоставување на рестриктивни мерки и тоа луѓето да го чувствуваат како еден вид на обврска иако би требало да е граѓанска обврска. Едно ставно сакаме да почувствуваат дека треба да ја симнат за заштита на луѓето“, вели Манчевски.
Апликацијата е безбедна, уверува министерот. Важно е да се користи особено за периодот кој следува, кога мерките за ограничено движење ќе бидат олабавени.
Министерот за здравство Венко Филипче вели дека во натамошниот период апликацијата ќе има исклучително значење во давањето на вистинската слика заедно со правењето на проценката на имунитетот на населението.
„Меѓутоа, ќе дојде еден период во кој ќе треба да се направи и пресек, проценка да видиме ние како да ги димензионираме и другите мерки што би дошле на пример на сила и би ги препорачале на лето, крај на лето, почеток на есен. И тогаш оваа апликација заедно со во тој момент потребата за проценка на имунитетот на населението ќе биде од исклучително големо значење заради тоа што ќе укаже на конактите коишможеби човек не бил свесен дека ги има во даден момент.“, рече Филипче.
Не само Македонија, туки и други земји во светот како Германија и Австралија планираат да се вклучат во следењето на потенијални заразени лица преку апликација, откако досега тоа го направија и земји како Сингапур, Кина, Израел и Русија.
