Стотина полицајци упаднаа на Вевчанскиот карневал, жителите огорчени (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Стотина полицајци упаднаа на традиционалниот Вевчански карневал, за да го растурат настанот организиран од Општината. Меѓу полицијата имаше и припадници на ЕБР.

Од МВР нема официјално зошто е постапено, но се претпоставува дека реагирале поради недозволено групирање, и непочитување на мерките за заштита од коронавирусот.

На видеото се гледа дека жителите на Вевчани се револтирани поради реакцијата од полицијата.

Вевчанскиот карневал традиционално се одржува на Василица, но оваа година беше прекинат.