Потребна е добра соработка меѓу Македонија и Албанија за заштита на Охридското Езеро, апелираат експертите. Арманда Хиса, доктор по етнологија и антропологија, вели дека да се биде на листата на УНЕСКО е престиж, затоа треба да се инвестира во културата, историјата и природата, а не во изградбата на висококатници.
„Затоа, потребна е посебна грижа за Охрид, кој не е вреден само за Македонија, туку и за целиот Балкан и Европа. Мора да има соработка со Албанија за да се работи на заштитата, да се биде на листата на УНЕСКО е престиж, а не пари, да се инвестира во култура, историја, природа, а не во изградба на висококатници“, вели Арманда Хиса, проф.д-р по етнологија и антропологија.
Според др. Вероника Витман од Универзитетот Линц, загрозувањето на Охридското езеро ќе претставува голема штета.
„Поентата е дека кога го губиш културното наследство, се губиш и самиот себе, и секој треба сериозно да го разбере ова. Овој прекрасен регион мора да биде соодветно заштитен, во спротивно неговото загрозување ќе биде на штета на човештвото“, рече Вероника Витман.
Екологистите предупредуваат дека Охрид може да го загуби статусот во УНЕСКО од каде упатија 19 препораки за чистење на Охрид, кои треба да се спроведат во целост.