Страшен инцидент во Полска: Пациент нападна и усмрти доктор во Краков

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лекар беше жртва на смртоносен напад со нож во болница во полскиот град Краков. Според полскиот министер за здравство, докторот им подлегнал на повредите.

Напаѓачот утрово провалил во ортопедската клиника на Универзитетската клиника во Краков, а потоа дошол до чекалната. Мажот влегол во лекарската ординација, и со остар предмет го избодел докторот. Не е познато дали пациентот имал закажан термин.

Додека повредениот доктор се борел за живот, полицијата го уапсила осомничениот. Сепак, кратко време подоцна починал.

„Немам зборови да ја изразам мојата тага и гнев поради смртта на докторот во Универзитетската болница во Краков, откако беше нападнат со нож“, напиша министерката за здравство Изабела Лешчина на „Икс“.