Стручњаците објаснуваат зошто и како папагалите „зборуваат“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Неодамна еден твит на социјалната мрежа „Твитер“ покрена расправа за тоа дали и како папагалите може да зборуваат. Корисничката Нат напишала „луѓето лесно прифаќаат факт дека папагалите може да зборуваат“.

„Навистина, тоа сега го прифати, сега ми се чини дека моето куче воопштно не се ни труди“, се пошегувал некој во коментарот.

Стручњаците објасниле како точно, кога и зошто папагалите ја користат можноста да комуницираат.

Ветеринарате од „My Pet Needs That“ објаснија дека ваквото однесување се однесува за сите птици.

„Птиците немаат вокални акорди, а звуковите им настануваат со вибрација“, велат тие, и додаваат дека папагалите го модифицираат поминувањето на воздухот низ воздухот во местото каде што душникот се раздвојува од белите дробови, па може да произведат звук.

И додека големиот број на птици, како што кажуваат, може да испуштат ограничен број на звуци, некои видови на папагали може да се научат да го имитираат звукот на автомобилот или алармот.

Папагалите со глас предупредуваат на некоја опасност, се додворуваат на женките или комуницираат со своите птици, велат стручњаците.