Струга без инфективно одделение и инфектолог – Асани: Охрид ги враќа пациентите од Струга, самите управуваат со Ковид-19

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Без одделение за инфектологија, без инфектолог и без доволно простор, ваква е состојбата во струшката болница за време на пандемија. Струга е еден од градовите со најголем број на заразени со Ковид-19.

Пациентите со полесни симптоми се лекуваат во оваа болница, а тие со потешки симптоми во охридската болница. Но, според директорот на струшката болница, Муамед Асани, охридската болница не прима пациенти со Ковид-19 од Струга, па затоа се принудени да ги пренесат во Скопје.

„Ние како општа болница немаме инфективно одделение и најголем проблем беше што отсекогаш бевме принудени да ги упатуваме пациентите во други болници, во регионалната болница во Охрид, каде има инфективното одделение. Имавме доста проблем со транспортот на пациенти, несогласувања со болницата и моравме некако да создадеме услови и простори за да ги примиме и лекуваме овие пациенти во болницата во Струга во одделот за внатрешни болести.“, рече Асани.

Асани вели дека струшката и охридската болница никогаш не нашле заеднички јазик за соработка поради тоа што, според него, директорот на охридската болница изјавил дека нема да примаат пациенти од Струга.

„Самиот директор на болницата пред медиумите рече „јас не примам пациенти од Струга“ но ние секогаш сме имале проблеми, никогаш не сме нашле заеднички јазик дека болниците не се наши, ниту Струшката болница е мој дом, ниту болницата на Охрид не е дом на директорот.“, изјави Асани.

Поради тоа што болницата во Струга нема инфектолог или инфективно одделение, заразените со Ковид-19 се лекуваат од лекари интернисти а најсериозните случаи се пренесуваат на скопските клиники.