Струга ќе купува два еко-брода

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Три пристаништа до крајот на годинава, воспоставување бродска линија меѓу Струга, Охрид и Поградец, како и два еко-брода, ќе добие Струга, најави градоначалникот Рамиз Мерко.

„Во план е да се набават два брода со сончеви колектори, коишто нема да го загадуваат езерото, како и поставување на три платформи, коишто ќе служат како пристаништа, со што ќе се воспостави бродската линија до Охрид и Поградец“, вели струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за ДВ.

Проектот ќе биде финансиран во рамки на програмата за прекугранична сработка на С. Македонија и Република Албанија, преку Инструментот за претпристапна помош ИПА 2.

Бродската линија Охрид-Струга која беше воведена во 2014 година за кратко време беше укината поради слаб интерес.