Да живееш до езерото во Струга, и да немаш вода за пиење! Ова е струшкото селото Делогожда, кој веќе неколку години се соочува со недостиг на вода за пиење. Селото има пумпа за вода во Жепин и во Делогожда, но тие не се доволни за снабдување со вода.
Селото нема ниту канализациска мрежа. Властите тврдат дека проблемот со вода ќе биде наскоро решен, но жителите се скептични.
Претседателот на локалната заедница, Теки Арслани, вели дека проблем со водата нема само Делогожда, туку и многу населени места. Но, како што рече тој, наскоро со завршување на проектот, жителите ќе имаат вода за пиење.
ТВ21 контактираше со Арѓенд Зибен, директор на водоводот во Делогожда. Тој вели дека жителите ја злоупотребуваат водата во текот на летото за наводнување, а дел од нив не ги плаќаат сметките.
Проблемот со водата во Струга имаат и неколку други населени места. ТВ21 го посети селото Мислешево, но жителите одбија да зборат пред камера. Тие велат дека имаат проблем со снабдувањето со вода, посебно во летниот период.