Стружани не го осудуваат убивањето на кучињата – Мерко: Владата да преземе мерки, срамно е за државата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Убивањето на кучињата скитници во Струга крена голема прашина во земјава минатата недела, но не на сите граѓани им е жал за нив и не го осудуваат тоа.

Градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко смета дека оваа ситуација би се решила само доколку владата го смени законот и преземе мерки бидејќи во спротивно тоа е срамно за државата.

Мерко бара владата што поскоро да донесе закон со кој Агенцијата за ветеринарство на државно ниво да се занимава со решавање на проблемот со кучињата скитници. Мерко вели дека дневно во Струга по 2 или 3 граѓани се каснати од куче.

Пред една недела едно лице со пушка усмрти неколку кучиња скитници во Струга. Овој град не е единствен кој се соочува со овој проблем, бидејќи речиси во секој град има голем број кучиња скитници.