Студеното време и снежните врнежи добредојдени за есенските посеви

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Промената на времето која се случи кон крајот на минатата недела со врнежи од снег и формирање снежна покривка, како и одржувањето подолго време на ниските минимални негативни температури, е позитивна, посебно за есенските посеви.

Според агрометеоролозите на УХМР, на есенските посеви има се потребни токму вакви временски услови.

Земјоделците не треба стравуваат од евентуални штети како резултат на ниските температури.

-Прогнозите за оваа недела се ниски и дневни и утрински температури во граници на издржливост на културите, а тоа е доволен податок земјоделските производители да не стравуваат од евентуални штети како резултат на ваквите температури. Ова е период од годината кога има многу малку или воопшто нема работа на отворен простор, со исклучок на работите во пластеничкото или оранжериското производство каде работите и производството се изведуваат во контролирани услови, истакнуваат агрометеоролозите.