Судењето за Онкологија – сведокот: Доктор Васев беше коректен со нас

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Доктор Васев секогаш беше достапен и коректен со нас“ – сведочеше сопругот на починатата пациентка која боледувала од рак на дојка и која се лекувала на Клиниката за онкологија, на судењето за случајот „Онкологија 1“. Тој изјави дека не ѝ се приклучува на кривичната постапка против доктор Никола Васев, првообвинет во овој случај.

„На почеток, сопругата ми се чувствуваше добро со терапијата, но потоа ми рече дека терапијата ѝ е чудна. ѝ рекоа дека со таа програма нема да ѝ паѓа косата, и така беше – не ѝ падна косата. Потоа рече дека ништо не чувствува, дека е како да не примала ништо“, изјави Александар Ѓакев – сведок во постапката.

Сопругот на починатата пациентка продолжи со раскажување за блискоста што ја имале со доктор Васев.

„Кога отидовме да земеме завој, медицинската сестра ја закачи раната со прстенот на раката и раната се отвори. Потоа раната постепено се зголеми. Доктор Нино Васев се обидуваше со сите сили да ни помогне и ние бевме хоспитализирани цело време. Состојбата на мојата сопруга подоцна се влоши, но доктор Васев секогаш беше достапен и коректен со нас. Не разбирам зошто тој треба да биде одговорен во овој случај“, изјави Александар Ѓакев – сведок во постапката.

Според адвокатот на одбраната, ова сведоштво е доказ дека Васев не е виновен. Тој побара да не се повикуваат на сведочење роднини на починатите пациенти, нагласувајќи дека тие немаат медицински знаења и дека нивните искази можат емотивно да влијаат на судот.

„Не можат тоа да го прават семејствата на пациентите, тие не се експерти, ниту образувани во таа насока, ниту пак во правна смисла можат да кажат нешто. Тие само ги искажуваат своите емоции и чувствата за загубата, со што сите ние сочувствуваме, но тоа не се факти врз основа на кои може да се утврди вина на докторот“, вели адвокатот Боби Спировски.

Главниот обвинител ја одби барањето на одбраната случајот да се префрли во друго обвинителство, оценувајќи дека постапката е во согласност со законот и дека се води професионално. Следното рочиште е закажано за 22 октомври.