Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ започна во Идризово – обвинителството го товари сопственикот Дејан Јованов и други 37 обвинети

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во судницата позади мене, најголема во државата, која се наоѓа недалеку од затворот Идризово, денеска започна судскиот процес за случајот и трагедијата во Кочани. Најсилниот момент беше воведниот говор на обвинителот Борче Јанев, кој истакна дека во „Пулс“ не изгорел само објектот, туку: „Изгоре илузијата дека системот штити и вербата дека одговорните се тука да спречат трагедија“. Тој го нарече клубот „буре барут“ и посочи дека покојните музичари ги донеле пиротехничките средства, но вина гледа во целиот систем кој замижал пред пропустите.“

„Катастрофата во Кочани не настана од дејствие или пропусти на една човечка рака. Не настана само како последица на активацијата на пиротехниката таа ноќ. На 16-ти март 2025 година. Од навидум обичен сценски ефект, кога искрите од пиротехниката донесоа небиднина. Впрочен снимките кои не потресоа сите и го обиколија светот се само завршниот и фатален чин на ова институционално, невидливо, а реално многу присутно зло, излезе на виделина таа вечер. Во Кочани не изгоре само објектот на клуб Пулс, изгоре со него и илузијата дека одговорните во системот се тука кога треба да заштитат, изгоре и вербата дека оној што бил повикан постапил навреме да спречи“, вели Обвинителот.

Процесот започна со исклучително напната атмосфера уште од рано утрово. Кога сопственикот на дискотеката беше спроведен во судницата од затвор со полициска придружба, родителите на жртвите го пречекаа со извици „Убиец“. Имаше и герила акција на движењето „Кој е следен“ пред самиот влез на судницата. Родителите велат дека немаат оптимизам оти правдата ќе биде задоволена, стравувајќи од сценарио слично на „Ласкарци“ и други трагедии кои ги памети Македонија.

„Треба да има правда. 20 години не сметаме дека правдата ќе биде задоволена. 63 млади животи се уништени“.

„Сите деца како што загинаа нашите, како што сме ние две мајки тука присутни сите мајки се со иста болка. Преталантирани деца, може да ги видете на сликата“.

Во однос на самиот тек на судењето – имаше обиди за одлагање. Одбраната реагираше дека дел од доказите, поточно комуникацијата меѓу членови и обвинети лица била на албански јазик и не се преведени. Сепак, судијката Дијана Груевска Илиевска беше децидна – одлагање нема. Судот донесе решение да се спојат двете постапки – онаа за Агенцијата за обезбедување и онаа за самиот пожар – во еден интегриран предмет заради ефикасност. Судијката најави санкции за секое идно неосновано одолговлекување или пак евентално медицински белешки за кои најави дека судот ќе ги проверува и доколку се утврди било каква нерегуларност истите ќе бидат казнети од судот. Следното рочиште е закажано за вторник.