Судијата на „Рекет“: „Ова не е место за правење шоу, ова е судница“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пред почетокот на денешното рочиште за „Рекет“, во кое исказ дава сведок предложен од Бојан Јовановски – Боки 13, судијката Васка Николовска – Масевска ги предупреди обвинетите дека ова не е место за правење шоу, туку судница.

„Ве предупредувам уште еднаш. Ова не е место за правење шоу, туку судница. Овој случај е под будно внимание на јавноста“, рече Николовска-Масевска пред денешното судење.