Барањето на обвинителството за мерка притвор за сите осудени во случајот „Монструм“ е уважено од Судот.
Притворот ќе биде во сила до правосилност на пресудата.
Инаку претходно Основниот кривичен суд ја објави пресудата за случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај „Смилковското езеро“.
Застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
Во претходна постапка за убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост.
По укинувањето на пресудите, предметот беше вратен на повторно судење и случајот во март 2018 гдина го презеде поранешното СЈО. Во септември 2019 година предметите на СЈО ги презема Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и беа доверени на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети.