Судот му изрече 30-дневен притвор на кумот на Груевски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кривичниот суд во Скопје му изрече 30 дена притвор на Ристо Новачевски, кум на поранешниот премиер Никола Груевски, кој се товари за сторено кривично дело перење пари со кои се купувале плацеви на Водно.

Постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор, пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје тој денеска беше спроведен заради постоење на основано сомение дека го сторил кривичното дело Перење пари и други приноси од казниво дело по чл. 273 ст.1 вв. со чл. 45 од КЗ.

„Судија на претходна постапка по разгледување и ценење на предлогот, како и произнесување на одбраната и обвинителството, донесе решение со кое го уважи предлогот и на Р.Н. му се определува мерка притвор во траење од 30 дена. Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд“, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.