Судот во Сеул денеска нареди отповиканиот претседател Јужна Кореја, Јун Сук-Јол да биде ослободен од притвор, по што ќе се брани од слобода во судскиот процес против него, објави новинската агенција Јонхап.
Јун Сук-јол беше задржан во притворниот центар Ујванг, јужно од Сеул, каде што беше донесен на 15 јануари под обвинение за поттикнување бунт преку прогласувањето воена состојба на 3 декември минатата година, што беше принуден да ја укине по неколку часа поради одлука на парламентот.
Судот ја објави својата одлука еден месец откако адвокатскиот тим на отповикуваниот претседател поднесе барање за негово ослободување, со образложение дека тој се држи незаконски и дека обвинението поднесено против него на 26 јануари е незаконски, бидејќи беше поднесено ден по истекувањето на тогашниот притвор.
